Со витаминот Д, можеби е мудро да земете друг додаток – за екстракција на калциум од меките ткива – витамин К2!

За витаминот Д со месеци се пишува како најдобар додаток за зајакнување на имунитетот, а неопходен е и за одржување на здравјето на коските.

Имено, благодарение на него, калциумот подобро се апсорбира од храната, како и од суплементите, па коските стануваат поцврсти. Меѓутоа, во овој процес е неопходен и витаминот К2, бидејќи тој е поттик за протеинот наречен остеокалцин, кој помага во акумулацијата на калциум во коските.

Од друга страна, калциумот може да биде многу опасен на други места во телото, на пример, во артериската плоча која се акумулира и доведува до затнување на крвните садови. Витаминот К2 е исто така многу корисен, бидејќи помага да се извлече калциум од меките ткива, па артериите стануваат помеки. Сето ова не значи дека витаминот Д е штетен ако го земате без витамин К2, ниту дека ќе ги затне артериите.

Advertisement

Истражувачите сè уште работат на овие прашања, но докажано е дека овој додаток влијае на здравјето на артериите на сите кои земаат додатоци на калциум. А бидејќи неговото ниво во телото го зголемува и витаминот Д, би било паметно да се земе и К2 со него.

Advertisement