Таканаречените „камења од глад“ се видливи по повлекувањето на реката Елба во Чешка.

Големата суша која моментално владее во Европа, повторно ги откри „камењата на гладот“ покрај реките на Чешка и Германија, поставени претходно како предупредувачки пораки од минатото.

„Ако ме видиш, плачи“ е една од пораките откриени на камен во реката Лаба во Чешка, а се однесува на екстремно нискиот водостој, што претходно значеше пропаѓање на посевите и глад, пишува порталот НУ.

„Ќе се формира пред есен“

Advertisement

За разлика од реките во Германија и Чешка, вакви пораки може да се најдат и во Холандија, но на поголема надморска височина бидејќи потсетуваат на историски високи водостои и катастрофални поплави.

И додека во Германија и Чешка некои ѕиркаат на секои неколку години, некои се видени само неколку пати. Досега се познати 27 вакви пораки, а најстарото познато спомнување за многу ниско ниво на водата датира од 1417 година.

„Камењата на гладот“, како што ги нарекуваат, се познати и во Рајна, па се до Шафхаузен во Швајцарија. Во Холандија, пак, во реката Рајна е измерено рекордно ниско количество вода, во четвртокот поминале само 735 кубни метри вода во секунда, додека најниската точка од 2018 година била 855 кубни метри во секунда. Дури и ако наскоро залади и врне дожд во Холандија и Германија, ниското ниво на водата ќе остане некое време.

Advertisement