Недостатокот на витамин може да трае долго без симптоми да бидат забележливи. Ова особено важи за витаминот Д, кој се создава во телото кога сме изложени на сончева светлина, пишува Лепа и Среќна.

Знаците за недостаток на овој витамин често се измамнички и нејасни, но кога има болки во коските треба што поскоро да се провери неговото ниво. Се чини лесно, со анализа на крвта во лабораторија.

Нормалните вредности на витаминот Д се од 75 до 150 наномоли на литар или 30 до 60 нанограми на милилитар, во зависност од мерењата кои се користат во лабораторијата.

Со продолжен недостаток на витамини, пациентите чувствуваат слабост и во мускулите, па затоа им е тешко да се качуваат по скали, но и да стануваат, на пример, од подот или од многу ниско столче.

Advertisement

Други симптоми може да вклучуваат чувство на замор и утринска вкочанетост, како и сува кожа. За жените во менопауза и постарите лица, ризикот од кршење на коските е зголемен. Ова не се однесува само на класичните скршеници за кои пациентот оди кај ортопед и добива гипс, туку и за микроскопски тенки скршеници кои можат да ги „нападнат“ коските на екстремитетите и ‘рбетот.

Затоа се препорачува барем два пати на ден по 15 минути да се поминува на сонце или да се земаат суплементи на витамин Д во договор со лекар. Пациентите кои имаат хронични заболувања, дијабетес, висок крвен притисок, опструктивни белодробни заболувања треба да земаат повисоки дози.

Advertisement