Ацо Јовановски 40 години живее во руинирана куќа во кумановска Позајка, за која ќе рече дека е како проколната со лоша енергија и му носи само несреќи во животот. Кој мајстор и да дојде да работи во неа ќе каже тој –или му се случува нешто лошо или умира. Во неа живее со неговата ќерка Ивана која на 25 години има психички проблеми и лежи често во кумановската болница, а, во иста позиција навалена и покриена со многу черги за да не премрзне е неговата стара мајка, која јаде само доколку Ацо изоди 22 км за да стигне од болницата до куќата. Оди пеш за да заштеди пари за да и купи кифла на мајка си. Исто толку поминува и за да се врати назад кај Ивана во болница.
Со 4100 денари месечно и тешко дека некој може да живее подобро. Ми фалат средства за лекови за Ивана, сака телевизор зашто само тоа ја прави среќна, сака топла облека, храна, а јас немам за ништо. Од бебе кога беше само месец и пол е останата без мајка, па сум одел по нивите и со една рака сум работел со една рака сум ја држел неа. Таа ми е се во животот. Цела земја ја изодев за да и го најдам лекот. Но, таа е се полошо и полошо. Дома е агресивна и не смеам да ја оставам сама за да одам да работам. И до крајот на светот ќе одам пеш само да и најдам лек. Затоа и западнав ќе рече Ацо во оваа тешка ситуација во која веќе трпиме за леб. Сепак, ако некој се смилува и ни помогне со куќа во некое поблиско село до градот би бил премногу благодарен, а знам дека тогаш и детето ќе ми биде подобро-ќе заврши овој очаен татко.
Ацо е напатен и очаен татко и син, кој верува после се што доживеал во животот, дека куќата во селото Позајка е проколната и му носи несреќи и на него и на семејството. Пред 25 години се оженил со мајката на неговото дете Ивана, но таа на само месец и половина старост ги напушта и повеќе никогаш не се враќа. Ацо се грижел и за неа и за родителите. Во оваа куќа е невозможно око да затворите ќе рече тој, некоја сила едноставно не ви дава одморите.
Кој мајстор и да дојде да работи нешто му се случува и не може да ја доврши работата- ќе каже Ацо. Куќата на овој несреќен човек е оддалечена повеќе од 20 км од градот. Автобуска линија не циркулира до селото. Патот е многу лош. Најблиската продавница му е час и половина одење пеш. Па, веќе со години бидејќи Ацо живее само со 4100 денари месечно, принуден е да оди пеш по неколку часа за да може да заштеди некој денар за да купи леб за детето и мајка му.
Најголемиот проблем за Ацо настанува пред неколку години кога во ист ден, во ист миг паѓа и мајка му, и татко му и ќерката. Сите ќе рече тој на различен дел од куќата. Татко му починал, мајка му залегнува неподвижна, а малата Ивана започнува да оди по психијатриските болници и да лежи таму со месеци.
-Се оженив и ја добив Ивана. Но, на месец и половина, мајка и си замина и јас и на нива со неа во едната рака, и на вода исто. Ја носев на училиште, пешки по неколку километри одевме секој ден. Од лошите услови во куќата во Позајка девојчето ми се разболе. Еве сега постојано сме на психијатрија зашто ќерка ми е агресивна и постојано крши по дома- ќе започне Ацо.
И, некогаш, и вчера и денес семејството на Ацо живее тешко. Ивана во мометот на снимањето лежеше на психијатрија и не се знаеше ушто колку ќе лежи во болница. Ацо немаше ниту денар. За да и купи кифла на мајка му секое утро кога ќе се увери дека Ивана е подобро, тргаше пеш од центарот на Куманово до селото Позајка кое над 20 км одалечено. Низ реки, мостови, автопати, по дожд и по снег, за овој човек нема препрека кога најблиските се во прашање. Но, се прашува како понатаму вака ќе продолжи да живее. Во куќата која сите членови му ги разболела и без пари, не можејќи да купи ниту лекови, ниту храна.
Постојат луѓе кои умеат да ни ги наполнат батериите кога ни се празни. Со својата близина, со убав збор. И, веќе од почеток можеме да сонуваме. Зашто со многу малку направиле чудо. Такво мало внимание ќе значи чудо и за животот на овие луѓе. Ќе се препородат. Ќе оздрават. Ќе продолжат да сонуваат и повторно како некогаш да веруваат во животот.
Доколку сакате да помогнете на семејството на Ацо тоа можете да го направите на неговата сметка 270-7000472676.61 Халк банка или на неговиот телефонски број 070877131/Срце на Дланка