Сите барем еднаш сме доживеале дека месото што го подготвивме не испадна меко, туку тврдо. И тоа маринирање не ни помогна.

Доколку сакате говедското месо што сте го подготвиле да се стопи во уста, обидете се со едноставен трик со киви, благодарение на кој месото ќе биде исклучително меко.

Се што треба да направите е да го покриете месото со парчиња киви и да го оставите да одмори малку пред да го подготвите. Како маринирање, пишува Stvarukusa.rs.

Имено, кивито содржи протеолитички ензими кои помагаат во разградувањето на сврзното ткиво во месото, поради што станува многу меко. Ако го ставате месото во маринадата, направете се според планираното, а на крајот додадете го исечканото киви околу час или два пред подготовката. Исто така, важно е вашето месо да не е премногу долго премачкано со киви, за да не стане премногу меко и да не се распадне при подготовката.

Advertisement

Сличен ефект има и ананасот на месото, па наместо киви можете да го користите ова тропско овошје.

Advertisement