Добри вести ни стигнаа од германскиот Auswärtiges Amt (Министерство за надворешни работи).
Од вчера (11.06.2022) и официјално нема веќе никакви КОВИД ограничувања за влез во Сојузна Република Германија.

Во официјалното писмено известување од страна на Auswärtiges Amt стои:

Од сабота, 11 јуни 2022 година, привремено ќе бидат укинати сите КОВИД 19 ограничувања за влез во Германија. Од овој датум, влезот во Германија повторно ќе биде дозволен за сите цели на патување (вклучувајќи туризам и патувања за посета).

Сепак, на лицата кои живеат во Народна Република Кина сè уште им треба важна причина за влез во Германија (поради реципроцитет) – ова не важи за германските државјани кои живеат во Народна Република Кина. За влез во Германија повеќе не е потребен доказ за вакцинација, доказ за прележана болест или негативен тест.

Advertisement

Во моментов ниту една држава не е назначена како област на варијанти на вируси”.

Со ова, барем засега се затвораат сите прашања поврзани со потребните документи и процедури за влез во Германија.

Извор: ЛИНК

Advertisement