Иако е многу здрава, дури и лубеницата не се препорачува за сите луѓе

Лубеницата е овошје кое речиси целосно се состои од вода. Доколку го консумирате во поголеми количини, ќе предизвикате диуретично дејство. Ако човек има песок во бубрезите или камења, помага за нивно исфрлање.Треба да се има предвид дека најкорисни се зрелите лубеници – објаснуваат експертите и додаваат дека дури помага да се спречи создавање на песок и камења во бубрезите.

Се препорачува за речиси сите, вклучувајќи ги и луѓето кои страдаат од дијабетес, иако им се советува да земаат контролиран внес поради високата содржина на шеќер.

Сепак, постои група на луѓе на кои не им се советува да го јадат ова овошје. Тоа се луѓе кои се склони кон оток и едем. Во тој случај, потребно е претходно да се консултира општ лекар, а потоа да се утврди причината за отокот – дали се работи за срцева слабост или бубрежна патологија.

Advertisement

Исто така, лекарите не препорачуваат јадење по 19 часот, бидејќи содржи и одредена количина на киселини, кои можат лошо да влијаат на дигестивниот процес, доколку легнете веднаш по консумирањето.

Колку и да е лесна и водена, лубеницата може да биде тешка за стомакот и да предизвика надуеност, особено ако се јаде пред спиење. Кога телото не е активно, не може доволно брзо да ја „обработи“ лубеницата. Познато е дека варењето навечер се забавува, што може да доведе до болки во стомакот, надуеност и непријатност.

Advertisement