Се смета дека свети Григориј Ниски го составил вториот дел од Символот на верата.

Брат на светиот Василиј Велики. Најпрво беше презвитер, зашто беше оженет, а кога умре жена му, блажената Теозва, го избраа и го посветија за епископ во Ниса. Се одликуваше со огромна светска ученост и духовен опит. Учествуваше на Вториот Вселенски Собор. Се мисли дека тој го составил вториот дел од Символот на Верата.

Голем беседник, толкувач на Светото Писмо и богослов. Заради поразот што го претрпеа од него, аријанците се имаа особено настрвено против него како кон страшен противник, па во времето на царот Валент, нивниот едномисленик, успеаја да го симнат од епископската столица и најнакрај да го протераат во прогонство. Во прогонство помина осум години трпејќи секакви беди и понижувања.

Најпосле се упокои во длабока старост на крајот од 4 век и се пресели во Царството Божјо, останувајќи големо светило на Црквата низ вековите.

Advertisement

Молитва на овој ден

„Боже на нашите татковци, постапувај со нас секогаш според Твојата кротост, не оставај нè со Твојата милост, туку уредувај ни го животот во мир со нивните молитви“.

Advertisement