Ванчо Михајлов беше синоним за самостојна и независна Македонија кога јас растев, рече екс премиерот Љубчо Георгиевски во вечерашното гостување во „Клик плус“ на ТВ 21.

„Кога ние прифативме да го крстиме десеттиот Конгрес во Кичево, ние свесни прифативме три конгреса на ВМРО на Ванчо Михајлов – 24/25-та година, 28-ма година и 32-ра година. И сега јас не знам што не им е јасно на денешното ВМРО-ДПМНЕ. Таа одлкука не ни падна од небо, дискутирана е два или три состаноци на Извршниот комитет“, рече Георгиевски.

Во тој контекст, Георгиевски истакна оти не се сеќава дека поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кажал некоја изјава против Ванчо Михајлов.

„Спомен куќата, па дури и самиот музеј сметам дека се дел од тој обид за некакво негово легитимирање во македонската историја“, додаде Георгиевски./NovaTV

Advertisement

Advertisement