Арапите, Кинезите и Римјаните верувале дека жалфијата е клуч за долгиот живот. Има антибактериски, антифунгални и антивирусни својства.
Лековитоста на жалфијата била сфатена уште во средниот век кога станува збор за Европа, а источната медицина лековитоста на оваа билка ја препознала во вековите пред нашата ера.
Една од намирниците кои секојдневно ја користиме при готвење, веќе со векови се користи како лек.
Жалфијата особено е добра за грлото, инфекции во дишните патишта, како и инфекции во усната празнина. Корисна е и за желудочни инфекции и проблеми со цревата, а помага и при намалување на телесната температура, грозница и болки во телото кои се јавуваат на почеток на настинка или грип.
Од друга страна, научно е докажано дека циметот може да ги убие вирусните бактерии, дури и оние отпорни на стандардните антибиотици, а помага и при Ешерихија коли. Само една лажичка цимет, убива 99,5 отсто од тие бактерии за три дена на собна температура, покажало истражувањето.
Тинктура од жалфија за превенција на болести
Во децилитар од 70-отстотен етилен алкохол, ставете 20 грама ситно исечкани листови жалфија. Оставете течноста да стои на топло, еден месец. Процедете ја течноста и ставете ја во шише.
По 10 до 15 капки од тинктурата додадете во малку вода, чај или сок, па пијте три пати дневно.
Жалфија и цимет против бронхитис
Стопете две лажички шеќер, па додадете половина литар млеко. Кога млекото ќе се свари, тргнете го садот од оган и додадете една лажица ситно исечкани листови жалфија и половина лажичка цимет. Оставете течноста да отстои десет минути, па процедете и пијте од напитокот три пати дневно.