Овој сируп од кромид и мед успешно ги чисти белите дробови на пушачот, исто така и вие
Доколку сте пушач, овој рецепт е токму за вас. Се подготвува едноставно дома, а состојките ги има во секоја кујна. Со него се исфрла секретот од белите дробови на пушачот. Убаво е да се подготвите во текот на зимата кога ќе закачите вирусна инфекција со кашлица и затнат нос.
Потребни состојки се:
- 1/2 кг кромид
- 1/2 кг кафеав шеќер,
- 1.5 l вода,
- сок од два лимона,
- 7 супени лажици домашен мед.
Подготовка:
Во соодветен сад истурете го шеќерот, ставете го на умерен оган да се карамелизира, мешајте од време на време додека не добиете лесен карамел. Додадете излупен и ситно сечкан кромид и измешајте со дрвена лажица.
По една минута, внимателно, да не се прска, истурете вода, промешајте и динстајте на средна температура додека течноста остане 2/3, а другата 1/3 да испари.
Се процедува низ сито за да се одвои кромидот и се додава сок од два лимона, се додава домашен мед. Сè добро промешајте додека не се растопи медот.
Овој сируп ставете го во стаклено шише и оставете го на ладно во фрижидер.
За чистење на белите дробови, испијте 1 лажица пред јадење на празен стомак. Пијте додека не го потрошите сирупот, следната доза може да се подготви за околу 3 месеци.