Верувале или не, но многу кавги започнуваат поради силно или слабо греење. Воопшто не се шегуваме.

Само размислете колку пати дома, па дури и на работа, започнувате дискусија за тоа како е премногу топло или премногу ладно.

Тоа не е невообичаено и во компаниите каде повеќе луѓе делат ист работен простор.

Претежно жените се тие кои се замотуваат во марами и џемпери, додека на мажите им е удобно дури и во тенки маици.

Advertisement

Сепак, иако мажите мислат дека жените претеруваат и обратно, перцепцијата на температурата не е само во нашите глави. Една нова студија покажа дека на жените на работа, им е всушност, навистина поладно отколку на мажите.

Meridian Interiors е компанија за опремување канцеларии која анкетираше 1.000 канцелариски работници во Обединетото Кралство.

Резултатите се такви што откриваат дека постои корелација помеѓу полот и температурата на работното место, а податоците покажуваат дека на жените во канцелариите им е навистина постудено.

Имено, жените обично произведуваат помалку топлина на телото од мажите, па затоа е поголема веројатноста да им биде ладно во канцеларија.

Дури 37% од жените рекле дека често им е ладно во канцеларија, а 13% рекле дека им е постојано ладно.

Студот ги погодува и помладите. Истражувачите ја анализирале дискусијата за температурата според возраста, а се чини дека на најмладата возрасна група од 18 до 24 години им е најладно работа, бидејќи 48% тврдат дека постојано им е ладно.

Всушност, постои забележлива корелација помеѓу возраста и чувството на топлина или студ во канцеларијата, при што постарите возрасни групи се со помала веројатност да чувствуваат студ на работа отколку нивните помлади колеги.

Advertisement