Многу е важно да спроведете прочистување на организмот од токсини. Постојат разни методи на детоксикација, а еден од најдобрите е чистење на цревата со ориз.
Исфрлањето на токсините со помош на ориз дава многу добри резултати и многу е корисно.
Земете обичен ориз, онолку супени лажици колку што имате години
Добро измијте го и сипете го во стаклена тегла Наполнете ја теглата со топла зовриена вода, затворете ја со капак и оставете ја во фрижидер Наутро исцедете ја сета вода Земете една полна лажица ориз и варете го 3-4 минути без сол (во друга, обична вода)
Изедете го на празен стомак, пожелно до осум и пол часот наутро. Преостанатиот ориз повторно прелејте го со зовриена оладена вода и оставете го во фрижидер до следното утро.
Оваа процедура за прочистување на организмот повторувајте ја секој ден додека има ориз во теглата.
Тајната на овој метод се крие во зрната ориз кои имаат кристална структура. Кога зрната ќе се потопат во вода, од нив излегува скроб. Оризот се вари во цревата, а не во желудникот, па неговите зрна дејствуваат како апсорбент.
Со овој метод се прочистуваат цревата, крвните садови, зглобовите и другите делови на организмот од токсини, од тешки метали и други штетни материи. Прочистувањето на организмот со ориз помага да се нормализира метаболизмот и го регулира вишокот телесна тежина.
После третманот не само што ќе се чувствувате поздраво, туку и помладо. Постои еден услов: по земањето ориз наутро пожелно е да не јадете и да не пиете најмалку 3 часа.
По ваквото прочистување на организмот исчезнуваат болките во грбот, вратот, зглобовите. Ефектот на третманот не е моментално, туку постепен. Не заборавајте да внесувате течност во организмот – минимум две литри дневно. Најдобро вода и зелен чај.
Пред употреба на природни лекови, задолжително консултирајте се со својот лекар.