Мислевме дека правиме добра работа, но очигледно не.

Често во летниот период, кога не сме таму, ги затвораме сите прозорци од куќата и ги спуштаме ролетните за да не влезе топлината. Изгледа правиме голема грешка.

Бројни студии покажаа дека квалитетот на воздухот во помалите простории може брзо да се влоши. На пример, во една студија која го мери квалитетот на воздухот, се покажа дека неотворувањето на прозорците може да го зголеми нивото на јаглерод диоксид значително над препорачаните вредности.

Во некои случаи, нивото на јаглерод диоксид беше повисоко за 75%, што се одрази на лошиот квалитет на воздухот. Лошиот квалитет на воздухот влијае на сонот, а дополнително ја нарушува концентрацијата, ефикасноста на работата и имунитетот.

Advertisement

Истражувачите од Медицинскиот универзитет во Њујорк проучувале како квалитетот на воздухот влијае на концентрацијата и ефикасноста на работата. Во овој експеримент учествувале 24 здрави луѓе. Резултатите покажаа дека високата концентрација на јаглерод диоксид значително ги забави нивните мисловни процеси.

Експертите препорачуваат да ги отворате прозорците неколку пати на ден и да ги чувате отворени најмалку 5 минути. Ова треба да се направи и кога надвор е многу топло.

Проветрувајте ги просториите во раните утрински часови, во текот на ноќта или во доцните вечерни часови.

Advertisement