Некој секогаш практикува перење алишта после шопинг, но има и голем број на оние кои никогаш не го прават тоа

Покрај тоа што чешањето е неподносливо, овој осип може да трае дури и со недели.

– Кога гледаме алергиски контактен дерматитис, тоа е најчесто од боите што се користат за боење облека – изјави за „Тајмс“ директорката на болницата „Медицински центар Кливленд“ и професорка по дерматологија д-р Сузан Дедорост.

Дисперзните бои првенствено се користат за синтетички материјали, за облека како полиестер и најлон. Професока истакнува дека потењето и триењето на телото може да предизвикаат ширење на бојата од облеката. Синтетичката опрема за вежбање, сјајните, еластични и водоотпорни материјали кои се толку популарни денес често се виновници за гореспоменатите проблеми.

Advertisement

– Ако дојде пациент и има осип на задниот дел од вратот, околу страна или околу пазувите, првото прашање што го поставувам е што да облечам кога вежбам – вели таа.

Не е познато колку се чести алергиите на овие бои, но постои еден начин да се ограничи ризикот од лоши реакции.

– Со перење нова облека можете да го отстраните вишокот боја за боење на ткаенината и со тоа да ја намалите изложеноста на потенцијални проблеми – изјави д-р Дедорост.

Алергиските исипи не се единствениот здравствен проблем поврзан со хемиските агенси. Во студија од 2014 година, група истражувачи од Универзитетот во Стокхолм тестирале 31 примерок од облека купена во продавници.

Тие беа со различни бои, материјали, брендови, цени, а беа наменети за широк пазар. Тие пронајдоа еден вид хемиско соединение наречено „хинолин“ (или еден од неговите деривати) во 29 од 31 примерок, а нивото на оваа хемикалија беше особено високо во облеката од полиестер.

Некои од овие хемикалии може да се најдат подлабоко во ткаенините и на тој начин со текот на времето може да се пренесат и на кожата.

Во секој случај, перењето на ново купената облека е задолжително, како поради споменатите соединенија, така и поради други нечистотии, од складирање до пробување во продавници.

Advertisement