Една жена која решила да ја „тренира“ косата и да не ја мие еден месец, признала дека не била подготвена за последиците.

Имено, тренирањето на косата е популарна нова техника која би требало да го продолжи времето помеѓу миењето на косата, а поединци велат дека е можно да се помине без миење дури 30 дена, пишува The Sun.

Имоген сподели видео на TikTok во кое го пофали процесот: „Ова е 20 ден кога не ја мијам косата.

Никогаш не била помека. Мислев дека ќе станува се подебела и подебела, но всушност е толку мека. Не ми се верува, не бев подготвена за толку добри резултати од овој метод. Очигледно морам да ја четкам косата, но овој метод всушност функционира.“ Таа додала дека претходно не можела шест дена да ја измие косата бидејќи ќе почне да ме чеша. Сега тоа воопшто не е така.

Advertisement

Сепак, луѓето во делот за коментари инсистираа дека нивната коса нема да изгледа толку добро како на Имоген доколку не ја мијат толку долго.

После толку денови косата ќе ми изгледаше како да сум ја натопена во сад со масло – напишал еден корисник. – Јас не разбирам! Мојата коса никогаш не би изгледала толку добро“, додаде друга жена.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА!

Advertisement