Кардиоваскуларниот хирург д-р Емир Солаковиќ привлекува внимание со своите изјави за здрав начин на живот, пред се затоа што на гледачите им се обраќа директно и без влакна на јазикот. Често зборува за грешките кои луѓето ги прават, а кои значително влијаат на здравјето.
За време на едно од неговите гостувања во емисијата на ТВ Хајат, докторот изјавил кој е најдобар појадок за жените, а кој за мажите.
-Се будам околу 6:30.6 часа ми се доволни за да спијам. Луѓето кои спијат повеќе од 6 часа имаат проблем. Не е нормално да спиете повеќе од 6 часа. Телото се буди само по 6 до 7 часа, доколку функционира нормално. Ако не можете доволно да спиете, нешто се случува: или работите многу, или сте под стрес, или тоа е болест… – објаснил докторот и додал:
– Луѓето кои се дебели се пациенти. Оние кои се дебели имаат поголеми шанси да се разболат. Никогаш не сум видел дебел човек да појадува. Го прескокнува појадокот. Секогаш грицка нешто, нешто нездраво. Кога јаде, јаде како да јаде во пештера. Се движи само од автомобилот до куќата. Јадат многу, но нема физичка активност и се дебелеат.
Идеалниот појадок за жената е: Веднаш штом ќе станете наутро, испијте шолја од кој било чај. Ги исфрла оние токсини кои се акумулираат во текот на ноќта. Потоа земете ги јајцата. За жените, идеален појадок е изматените јајца од 3 белки и едно цело јајце. Тоа се 10 грама протеин.
Идеален појадок за мажи: матени јајца од 5 белки и едно цело јајце. Маснотиите мора да се консумираат бидејќи се важни за организмот. Ако сакате здрави масти, слободно попрскајте го тоа изматено јајце со малку маслиново масло.
– Нашата кожа, веѓите, косата, ноктите се направени од овие протеини. И без леб. Јадете го ова секој ден.