Освен што е одличен додаток во исхраната и козметиката, медот е богат со својства кои имаат повеќекратно влијание врз здравјето.Медот треба да го консумирате секој ден, но во умерени количини. Со него ќе го зајакнете имунитетот и помнењето, ќе се ослободите од вишокот килограми и ќе го намалите нивото на стрес.
Освен тоа, медот помага и во детоксикација на телото, го намалува нивото на холестерол во крвта, го зајакнува срцето, помага при одржување на здрави црева и ја смирува кашлицата.
Во продолжение, ви претставуваме рецепт за витаминска „бомба“ која го штити здравјето:
Потребни состојки:
– 100 гр. суво грозје
– 150 гр. ореви со јатка
– 100 гр. бадеми
– кора и сок од 2 лимони
– 100 гр. суви кајсии
– 100 гр. суви сливи
– 250-300 гр. мед
Јаткастите плодови можете да ги комбинирате и сами според вашиот вкус. Можете да додадете лешници, индиски или бразилски ореви итн.
Начин на подготовка:
Најпрвин изблендирајте ги сувите сливи и сувите кајсии. Во блендер ставете ги сувото грозје, оревите, бадемите и кората од лимон. Блендирајте додека не добиете хомогена смеса, а потоа додајте го и лимоновиот сок.
Потоа, додајте ги и претходно изблендираните суви сливи и суви кајсии, а на крајот додајте го и медот и добро промешајте.
Ставете ја смесата во тегла и добро затворете, а потоа оставете да отстои 1-2 дена на темно место. Земајте 1-2 лажички, 3 пати дневно.
извор:tochka.mk