Ова растение се нарекува вистинско богатство на природата.




Сремуш е една од најздравите намирници. Исклучително е корисен, а не е лесно да се избројат сите позитивни ефекти што ги има врз човечкото тело. Богат е со витамин Ц и минерали кои можат да го исчистат телото од токсини, а се верува дека ги ублажува уринарните инфекции, надуеноста и гасовите, го подобрува варењето и се верува дека ги ублажува болките во зглобовите предизвикани од артритис.




Ова богатство на природата расте покрај потоците и патиштата, најмногу го има во буковата шума. Познавачите велат дека треба да се бере напролет, а најмногу во текот на април и мај. Има карактеристичен мирис на лук, а може да се додаде во јадења со месо, маринади, а може да се јаде и како салата.




Се користи во традиционалната медицина за намалување на крвниот притисок и холестеролот, како и за ублажување на стомачни проблеми.




Сремуш е одличен и за зајакнување на имунитетот – го штити организмот од настинки и грип, ги чисти дишните патишта, го олеснува дишењето и ја смирува кашлицата. Исто така, дивиот лук го зајакнува срцевиот мускул.




Руски народен рецепт за напиток од сремуш
Ситно исечкајте 25 листови сремуша и со помош на соковник или цедалка исцедете го сокот од нив. Добиениот сок чувајте го во мало шише или стаклена тегла. Три пати на ден земајте по 1 лажичка сок од сремуша која ќе ја додадете во вода или чај по желба.




Од сремуш се прави и тинктура, за која се верува дека го ублажува ревматизмот и ја прочистува крвта. Околу 20 листови сремус се сечкаат ситно и се додава еден литар домашна ракија. Добро затворете го шишето и чувајте го две недели на темно место. Наутро испијте 15 капки од тинктурата со малку вода.
Статиите на нашиот ПОРТАЛ се исклучиво за ваше информирање ЗА БИЛО КАКОВ ЗДРАВСТВЕН проблем задолжително да се КОНСУЛТИРАТЕ СО ЛЕКАР!