Опстипацијата, односно запекот, е феномен кој со себе носи бројни здравствени проблеми

Дури 30 отсто од луѓето повремено ја доживуваат оваа непријатна состојба, а најголем број меѓу нив се постари жени. Причините се во „седечкиот“ начин на живот, напнатоста и стресот, лошите навики во исхраната, но и промените во исхраната за време на одмор, празници или патување. Доколку имате столица еднаш во седум до десет дена, не избегнувајте да земате препарати кои ќе ви го олеснат варењето, но освен лаксативи, проблемот може да се реши сосема природно доколку внимавате што јадете и пиете.

Што да се јаде?
Јадете храна богата со растителни влакна бидејќи растителните влакна ја задржуваат водата, бабрат и механички го иритираат дебелото црево за да се испразни. Тоа се круши, брокула, ленено семе, киви, моркови, варен компир, ананас, пуканки, портокали, овесни снегулки, трици…

Што да се пие?
Водата е најдобар пријател на телото, а со тоа и на варењето. Најдобро е да пиете млака вода, вода богата со магнезиум, компот од суви сливи, но и чаеви. Чаевите кои делуваат како лаксативи се чај од глуварче, камилица, нане, црн и зелен чај.

Advertisement

Што да избегнувате?
Елиминирајте го чоколадото, млечните производи, црвеното месо, бананите, производите од бело брашно, пржената храна и грицките како чипс. Овие намирници имаат малку влакна и можат да предизвикаат дополнителни дигестивни проблеми.

Масажа
Загрејте една крпа и ставете ја на долниот дел на стомакот. Масажата исто така може да помогне. Со дланката нежно притиснете го стомакот на средина и масирајте го во насока на стрелките на часовникот.

Движење
Една од причините за запек е недостатокот на физичка активност. Затоа повеќето луѓе го имаат овој проблем кога ретко излегуваат во текот на зимата. Лекарите советуваат да одвојувате најмалку десет минути дневно за вежби за истегнување кои ќе ги активираат стомачните мускули.

Advertisement