Милица, миленичката татина, има 7 години и почна да оди во основно училиште. Лука наскоро ќе наполни 4 години и е многу немирен.
Сопругата се грижи за нив, така лежерно и вешто (иако, има денови кога вели дека жали што станала мајка). И кога тоа ќе се случи, таа многу брзо се смирува, ги брише солзите и ги бакнува Милица и Лука во чело (и мене ќе ме бакне, но само во образ).
Секогаш се прашував зошто жените кукаат по цел ден: „Погледнете како изгледа вашата соба. Зошто не јадеше грав? Учи Милица, да стекнеш работни навики. Ќе полудам! По цел ден само собирам работи по вас (да, секогаш ме става во ист кош со децата). Ме болат грбот, нозете, стомакот… уморна сум, ми се спие…“ – како да е тоа некаква мудрост! Како да ти треба средно училиште за да бидеш вешта и агилна мајка, сопруга, домаќинка?!
Да не го доживеав, немаше да верувам! Пред неколку недели, жена ми мораше да оди некаде на два дена. Бабите и дедовците не беа во можност, затоа јас земав два дена одмор и се посветив на децата. На моите мали ангелчиња!
Утро… Ме буди Милица во 5 часот. Вели дека Лука се покакал во кревет. Велам, зошто не ме разбуди да го однесам во бањата. Ми вели: „Да, тато, те будеше, но ти не можеше да станеш. Викаше нешто, ммм, пушти ме, остави ме… И потоа Лука мене ме разбуди, но веќе беше доцна. Се покакал“, рече Милица додека ги триеше заспаните очи.
„Добро, еве ќе земам чисти панталони и пижами, па ти оди легни. Има уште време до училиште“.
„Но, смени ја постелнината, многу смрди“, рече таа повторно.
„Ајде да одиме во дневната соба, утре ќе ја променам постелнината. И добро затвори ја вратата од собата да не не’ разбуди смрдеата. Боже Лука, што јадеш? Па, ова ми боде очи“.
Појадок – агонија… Знам дека Лука е алергичен на кикиритки и тоа е тоа, не сакав, ниту барав повеќе информации. Не можев ни да замислам дека обичен појадок може да биде толку комплициран. Лука сака виршли, свежо печени, а Милица би сакала и мусли. Ми требаше долго време да најдам каде стои кутијата со нешто што никогаш не би го вкусил, а моите деца го обожаваат. Ја испратив Милица на училиште, ги измив садовите, сменив постелнина, порачав ручек од блискиот ресторан. И повторно почувствував благи форми на замор.
Милица се врати од училиште и сакаше да и помогнам со математичките задачи. Ок, собирање, одземање, ќе издоминирам. Сепак, имам што да видам. Денешните деца не собираат како ние порано. Тие користат некои загради, одземаат десетици од единиците и го враќаат вишокот во некои загради. „Чекај ја Мицо, мама, таа е за математика топ. И онака не можеш да добиеш единица, во прво одделение се описни оценки, нели?”
Лука беше во паркот. Вели дека му е досадно дома. Не можам да се движам, лежам некое време на каучот, трепките ми се тешки, веќе кукам… А Лука вика како изгладнет: „Тато, тато ајде да одиме во парк“.
Му давам хартија и фломастерите на Милица да црта. Го молам да биде смирен и ѝ кажувам на Милица да внимава на него додека јас малку си го „одморам окото“. По некое време ме буди нивната смеа. Ми велат да одам до огледалото. Имам што да видам – на Лука моето лице му служело како боенка, се смеам со нив…
Дали ќе го преживеам ова?
Наскоро доаѓа вечера… Вадам неколку ќофтиња од замрзнувачот што ги остави сопругата. Одам да земам леб со Лука. Заедно со лебот купувам и други глупости во кои син ми покажа со прст, а мене нешто ми беше жал. Реков: „Ако пораснав јас во беда, не сакам на моите деца ништо да им недостига“. Три киндер јајца, јафа, едно млеко од 300 и две од 100 грама, една кутија чоколадни банани… Нека имаат деца да се засладат.
Време беше за капење. Не мора секоја вечер, си помислив – кожата ќе им се истенчи. Сабајлево веќе го измив Лука (по големата нужда што ја направи во кревет), Милица барем ги изми забите и отидовме да ги сонуваме најубавите соништа. Сакаат да им раскажам бајка. Ајде, почнав од Црвенкапа. Милица ме опоменува и вели дека Лука се плаши од волци и не ја сака таа бајка. Сака да им ја кажам онаа за храбриот кројач. Која? Се шегуваш. Јас ја знам само Црвенкапа, Пепелашка и онаа за џуџињата – сакате или не. А што велиш да ви раскажам за моите воени денови? Не, се разбира не. Им давам таблет да најдат што ги интересира, интернетот е барем полн со тие глупости.
Некако станав следното утро…
Не можев да го дочекам моментот кога ќе ја видам на вратата – љубовта на мојот живот, мојата сопруга, мојата кралица. Никогаш не сум ја сакал повеќе од кога конечно се врати. Штом ме виде, пукна од смеење и дури потоа ме бакна. „Смрдеш како ѓубре на сонце“, рече таа. „Куќата, како атомска бобма да ја погодила… Имаш остатоци од фломастери на лицето…“
– Сфатив – не ти е лесно! Јас сум поразен! Бев мајка околу 36 часа и не успеав. Сепак, ќе се задржам на она што го правам најдобро. Признавам, не е лесно и немам поим како го правиш тоа. Ќе бидам овде да помогнам, секогаш кога и да чкрипи. И никогаш повеќе не ме оставај сам со нив! Со моите мали ангелчиња!
– Дали ме разбираш сега? рече таа со насмевка.
– Да љубов, те разбирам, тивко ѝ одговорив и побрзав што поскоро да седнам во креветот кој мирисаше на нова постелнина што ја сменив!
извор: 6yka.com