Херпесот е вирус кој не исчезнува од организмот. Ако еднаш сте имале непријатни, болни, мали меурчиња полни со течност на усните или околу усните, тогаш голема е веројатноста повторно да го имате тој проблем. Повторната појава на херпес на устата може да настане од покачена телесна температура, емотивен стрес, прекумерно изложување на сонце, траума на усните и др.

Луѓето на кои често им се појавуваат болни меури на устата имаат недостаток на протеинот интерферон-ламбда кој ја спречува активацијата на херпес вирусот.

Различните производи од аптеките помагаат во лекувањето на херпесот на устата. Но, ако сакате да се обидете со нешто природно ние ви предлагаме две решенија.

Пресечете едно лукче на половина и со него премачкајте го херпесот. Повторувајте го тоа неколку пати во денот. Не е препорачливо да го лекувате херпесот на овој начин пред излегување, не поради непријатната миризба, туку поради ефектот на сонцето врз местото намачкано со лук, тоа може да ја промени бојата на вашата кожа.

Advertisement

Растворете 10 капки масло од лимон во 150мл вода. Со таа течност правете си облоги на херпесот неколку пати во текот на денот.

Advertisement