Како што наближуваат празниците, знаеме дека она без што не може да се замисли новогодишната трпеза е – руската салата.
И бидејќи многумина веруваат дека нема грешка и дека рецептот за оваа салата е едноставен, други прават вистинска грешка со спомнувањето дека додаваат во руската салата – ни помалку ни повеќе туку јаболко ?!
Еве неколку коментари за искуствата со рецептот со јаболко:
„Ниту јаболка, ниту шунка, ниту пченка. Ако некој сака тоа да го додаде, тогаш нека не се навреди ако одбијам таква салата“
„Ја јадев без јаболко со години, а потоа пробав еднаш со јаболко и оттогаш ја правам така“
„Јаболкото всушност ѝ додава многу добра текстура и вкус на руската“
„Секогаш правам руска со јаболко, превскусна е.“
Како вие ја правите/ ја сакате руската салата?