Kомпирите се зеленчук кој можете да го подготвите на различни начини, а како прилог можете да го послужите со секое јадење. Не постои човек кој ќе одбие помфрит, печен компир, пире или полнет… Може да го искористите и за правење јадења како мусака, овчарска пита…

Подготовката на компири не е воопшто комплицирана, а дополнителен плус е тоа што не чини многу. Но, колку и да е едноставна за подготовка, секогаш постојат трикови кои можат да го подобрат неговиот вкус.

Џејми Оливер откри како печениот компир да биде крцкав, а американски готвач ја сподели тајната на кремастото пире од компири.

Но, дали знаевте што треба да додадете во водата во која се варат компирите за побрзо да се вари и побрзо да биде готова?

Advertisement

Во тенџерето сипете вода и на самиот почеток додајте една лажица масло или путер, па дури тогаш компирот и водата побрзо ќе зовријат и со тоа ќе го забрзате процесот на готвење. Исто така, компирот ќе има поубав вкус.

Advertisement