За православните верници на 27 февруари започна повеќенеделниот велигденски пост, кој ќе трае до 15 април, додека најголемиот христијански празник воскресението на Исус Христос е на 16 април.

Ова се смета за најстрог пост, бидејќи најчесто се пости на вода. А, иако е дозволено да се јаде риба само два пати за време на постот, нејзината побарувачка во супермаркетите и маркетите периодов вртоглаво порасна.

Професорот по рибарство од Земјоделскиот факултет во Белград, д-р Зоран Марковиќ во едно ТВ-гостување објаснил како да препознаеме свежа риба.

„Треба да обрнете внимание на тоа како изгледаат очите на рибата. Ако светат, тоа значи дека рибата е свежа. Ако ја допрете рибата, тонусот на телото, поточно вдлабнатините кои ќе се направат по допирот треба веднаш да се вратат во почетната положба. Рибата не смее да има непријатен мирис, напротив мирис на вода.

Advertisement

Кога се работи за замрзната риба, треба да се погледне декларацијата колку долго е во таква состојба. Не е добро да е подолго од шест месеци“, вели професорот.

Advertisement