Таквите соништа имаат значително влијание врз ужалените. Многумина признаа дека токму нивните соништа за средба со починатиот им помогнале успешно да го поминат процесот на жалост и да продолжат со животот.




Многумина признаа дека соништата за средба со покојникот им помогнале успешно да го поминат процесот на жалост и нормално да го продолжат својот живот.




Иако веќе не се со нас, најблиските кои починаа никогаш не не напуштаат. Многу луѓе зборуваат за тоа како ги посетуваат во соништата, што може да биде многу реално и живописно. Ваквите соништа се познати како – соништа за средба, открива порталот „Шерабли“.




– Татко ми и мајка ми починаа пред повеќе од десет години, со разлика од една година. Околу шест месеци по секоја смрт, имав барем еден многу жив сон со секој од нив, па дури и со двете. И тоа не беше обичен сон, чувството беше поинакво – вели д-р Патрик Мекнамара.
Таквите соништа често имаат заеднички теми:
- Покојникот се појавува каков што е во животот, но некако е помлад и поздрав.
- Починатиот му пренесува порака на охрабрување на оној што го сонува, како „Добро сум и сè уште сум со тебе“.
- Пораките на починатиот пристигнуваат повеќе телепатски или психолошки отколку вербално.
- Сонот е повеќе нормален и реален отколку бизарен, како што можат да бидат обичните соништа.
- Соништата се интензивни, како покојникот навистина да дошол на гости, а оној што сонува се сеќава на сонот кога ќе се разбуди.
- Сонот силно влијае на некоја личност, на некои луѓе и се менува.
- Ваквиот сон е проследен со сознание за тоа што е правилно, а што не, или период на жалење или ширење духовни ставови.
- За традиционалните народи, кои им дадоа еднаква или уште поголема онтолошка тежина на соништата во споредба со реалниот живот, соништата за средба беа пред се убедлив доказ дека постои духовен свет и живот после смртта – објаснува Мекнамара.
















Единствената вистинска причина зошто се појавуваат мртвите е тоа што тие беа дел од нашите животи додека беа живи.
Тие се појавуваат со давање насоки на оние кои се оставени, нивна заштита или сакајќи да ги предупредат на нешто.




Тој додава дека дури и во денешното современо општество, ваквите соништа имаат значително влијание врз ужалените. Многумина признаа дека соништата за средба со покојникот им помогнале успешно да го поминат процесот на жалост и да продолжат со нормален живот.











