Изгледот на мажот е клучен за хемијата и разгорувањето на страстите

Прашањето е дали изгледот сам по себе е клучот за издржливоста или истражувањето се уште е во корист на помалку привлечните мажи.

Според студијата на научниците од турскиот институт Ерџијес, мажите со малку повисок индекс на телесна маса и обем на половината поголем од 92 см, подолго траат во кревет – околу 7,3 минути. Од друга страна, мажите со рамен стомак имаат просечно времетраење на сексот од околу 2,5 минути пред оргазам.

Послабите во групата едвај издржаа три минути, а почесто патат од предвремена ејакулација.

Advertisement

– Да речеме дека маж води љубов 100 пати годишно. Ако има наслаги на стомакот, тој ќе помине приближно осум часа – цел работен ден – повеќе годишно во секс со партнерката отколку ако има плочки. Тоа е значително време – се вели во извештајот.

Имено, пивото и разни други облици на абдоменот се поврзуваат и со повисоко ниво на хормонот естрадиол, женски хормон кој е одговорен за поголема издржливост во сексот, пишува Business Standard.

Дали вие се согласувате со ова размислување?

Advertisement