Граѓаните ќе можат да продаваат струја произведена од фотоволтаични панели

Граѓаните од 1 јули ќе можат да ја произведуваат и истовремено да ја продаваат електричната енергија произведена од фотоволтаични панели. Ова денеска во емисијата „10 минути“ го најави министерот за економија, Крешник Бектеши, според кој универзалниот снабдувач ќе има обврска да ја купи струјата за одредена цена.

„Од 1 јули секое домаќинство ќе има можност да постави фотоволтаични панели, искористувајќи го моментот што дополнителното производство на електрична енергија да го стават во мрежата и да биде задолжително за универзалниот снабдувач, за да ја купи по цена што ја нуди, за сите домаќинства“, рече Бектеши.

Advertisement