Jars of honey on display for sale.

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција од разни имитации на мед кои се продавле по маркетите и по 300 денари. Моментално една тегла вистински мед се продава од 600 денари па нагоре, а производствената цена за истата чинела околу 450 денари за кг. Се бараат зајакнати инспекциски контроли за тоа како овие производи влегуваат во државава.

„Кои се почесто се продават, се увезува од други земји. Го прават од гликози, ги добиваат од царевки или други генетески модифицирани храни. Кај нас го има се повеќе и повеќе, го има по маркетите и се продава за наполу евтина цена. Недоволно се контролира од инспекциите, царината, од државата воопшто“, вели Дејан Бошкоски, претседател на пчеларско здружение „Братство“ – Прилеп.

„Знаејќи дека во последно време не само во Македонија туку и пошироко се појави разни имитации на мед, вештачки произведен би апелирала до сите да внимаат од каде купуваат мед“, додаде Флорина Бошкоска, пчелар.

Количните од порано биле намалени од 30 до 50%. Тоа се должело на повеќе фактори, меѓу кои и уништувањето на шумите и сточниот фонд. Поради тоа често морале и да ги преместуваат пчелите кон подобри услови.

Advertisement

„На едно место пашните прилики ослабуваат мора да се селат пчелите за да се собие плус колични на мед, а со тоа има и одредени ризици. Пример мене вчера мечката ми уништи 2 кошници“, вели Зафир Зафироски, пчелар.

„Питомата трева која што е медоносна неа ја напасува стоката и така се размножуваа таа, а со самата испаша се уништува дивата трева. А сега како што се уништува сточарството се уништува медоносната трева“, кажа Дејан Бошкоски, претседател на пчеларско здружение „Братство“ – Прилеп.

Годинава во Прилеп по 14 пат се одржа саем на медот, манифестација која секоја година се одржува за празникот 11 Октомври.

Advertisement