Тој ѝ го уништил животот и ја одведе до питачки стап
Некогаш владееше на модните писти, престижните списанија ѝ нудеа неверојатни суми пари само за да позира за нивната насловна страница.
„Имав се‘, живеев како кралица“, изјави Настасија Урбано.
Таа истакна дека за само една година заработила милион долари, а таа година работела само 20 дена.
Сепак, речиси преку ноќ сè се промени; нејзиниот живот е дијаметрално спротивен од некогаш, денес е практично бездомник и живее во Барселона.
Таа го запознала него и оттаму почнал пеколот.
Настасија вели дека сопругот ја уништил, ја „стиснал“ до последен денар, а потоа едноставно си заминал… Денеска истакнува дека нивните деца се единственото добро што го добила во тој брак.
„Го финансирав нашиот начин на живот, а тој ме остави само со облеката. Се‘ плаќаше со мои пари. Само два дена откако го запознав сакаше да купи БМВ, а јас будала потпишав чек за него. Бев заљубена“, изјави Урбано.
Поранешниот сопруг на Настасија ја разочарал до тој степен што таа целосно се распаднала и паднала во депресија, а потоа почнало и нејзиното малтретирање. Признала дека станоиздавачите ја избркале од станот, бидејќи не можела никому да ја плати киријата, па денес е осудена да талка од една до друга пријателка за да ѝ даде софа барем за една ноќ. Кога не сака никого да замара, ноќта ја поминува во банките, односно кај простгориите за банкомати кои се достапи 24/7.
„Сакам децата да ме гледаат во поинакво светло. Сакам да се опоравам како личност, сакам да се гордеат со мене“, рекла 57-годишната дама.
Кога протекоа вести за моменталната ситуација на некогаш познатата Настасија, група поранешни колеги и познаници решија да направат се што е во нивна моќ за да и помогнат да застане на нозе.
Вака изгледа денес: