Бибер, сол и лимон – одлична комбинација во салата, нели? А дали знаевте дека ова соединение е и лековито?
Еве за што станува збор за оваа комбинација:




Воспалено грло
Ослободете се од болките во грлото со мешање на една лажица сок од лимон, половина лажица црн пипер и една лажичка морска сол во чаша топла вода. Гаргарајте ја оваа течност неколку пати на ден и кажете збогум на воспаленото грло!
Губење на тежина




Направете микс од четвртина лажица црн пипер, две лажици сок од лимон и една лажица мед. Измешајте сè во чаша топла вода и пијте ја секое утро за да го забрзате метаболизмот.
Забоболка




Измешајте половина лажичка мелен пипер и половина лажичка масло од каранфилче и ставете го на болен заб.
Гадење




Вознемирениот стомак се лечи со црн пипер, а мачнините со лимон. Затоа измешајте една лажица сок од лимон и бибер во топла вода. Пијте полека додека не почувствувате дека гадењето поминува.
Извор: Mylifestyle.com