Добротворната организација „The Big Help Project“ од Кенсингтон на социјалните мрежи објави писмо од 10-годишно девојче Лили.
Мислам дека тоа би го израдувало мојот брат!
Мало девојче му напиша писмо на Дедо Мраз и расплака многумина кои го читаа. Лили во писмото напишала: “Драг Дедо Мраз, мама ми рече дека си болен оваа година и не можеш да дојдеш кај нас. Се надевам дека наскоро ќе оздравиш. Мислам дека тоа би го направило мојот брат среќен! Те сакам Лили. (10 години П.С. Бевме навистина добри“.
Секое седмо дете не добива подарок
„Ниту едно дете не треба никогаш да мора да пишува вакво писмо. Едно од седум деца нема да добие подарок под дрвото овој Божиќ, а 24.000 деца во Ливерпул живеат во сиромаштија“, напиша добротворната организација и ги повика своите следбеници на социјалната мрежа да помош.