Ви ги откриваме најисплатливите и најинтересните трикови за чистење кои многу ќе ви го олеснат животот.

Лимон против дамки
Верувале или не, со сок од лимон можете да ги исчистите дамките од речиси секоја површина, дури и од пластика.

Ореви за дрвени подови
Имате гребнатинка на вашиот дрвен под? Исечете орев и нежно притиснете го и намачкајте го на оштетеното место, а маслата од оревот ќе си ја завршат работата.

Гумени ракавици за влакна од домашни миленици
Ако имате домашно милениче, знаете колкава мака е да ја исчистите косата од мебелот и подот. Се што ви треба е гумена ракавица која ќе ја ставите на раката и ќе ги поминете површините каде што има влакна кои ќе се залепат за ракавицата.

Advertisement

Пената за бричење ги отстранува дамките на вратата од тушот
По секое туширање, постои опасност да останат дамки од сапун, шампон и вода на стаклените (или пластичните) ѕидови на тушот. За да избегнете таложење на нечистотија, користете пена за бричење. Распоредете ја по површината и избришете ја со чиста крпа.

Гребнатини од автомобил и лак за нокти
Ако сте го изгребале автомобилот и немате пари да го фарбате, поминете го оштетеното место со проѕирен лак за да ја заштитите површината од дополнително оштетување додека не се поправи.

Чудо мајонез
Дамките од вода се честа појава, но за среќа многу лесно се отстрануваат – се што треба да направите е да ставите малку мајонез на дамката и да ја избришете со сува крпа.

Филтер за кафе или весник за кристално чисти прозорци
Испрскајте го стаклото со раствор за чистење и избришете го со чист филтер за кафе или весник.

Исчистете ја микробрановата печка за неколку минути
За да ја исчистите вашата микробранова печка беспрекорно, загрејте вода со лимон во неа и оставете ја да отстои 5 минути. Ќе ја исчистите целата нечистотија со крпа за една минута!

Леб за дамки на ѕид
Ако ве нервираат отпечатоци од раце или нечистотија на ѕидовите, земете парче бел леб што дефинитивно сте планирале да го фрлите и исчистете го со него. Ќе бидете воодушевени од резултатот.

Вотка за куќата која мириса убаво
Различни хемикалии се наоѓаат во различните мириси кои ги користите во домот, но има и една здрава опција – вотка! Измешајте вотка и вода и додадете неколку капки есенцијално масло. Испрскајте ги завесите или мебелот за неодолив мирис, пишува Стил.

Advertisement