Април е месец кој се карактеризира со повеќе од променливо време, па како што може да го прикаже летното време, може да покаже и вистинско зимско време. Сепак, синоптичката ситуација ќе биде таква што очекуваме вистинско пролетно време.
За претстојниот празник Велигден, времето низ Европа ќе биде многу пријатно и пролетно. Силен циклон ќе има над западна Европа, а поле со висок воздушен притисок на истокот од континентот. Ваквата синоптичка ситуација ќе предизвика преовладување на јужните висински струи, па од Медитеранот ќе пристигне топла воздушна маса. Многумина поради претстојните празници ќе патуваат во различни делови од регионот и Европа, па сите погледи се вперени во временската прогноза.
Регион (Словенија, Хрватска, Црна Гора)
Првиот ден од викендот низ нашиот регион ќе биде сончев и топол. Самиот Велигден ќе донесе влијание на циклони од запад и многу влага, па врнежи од дожд се очекуваат во целиот регион, а долж Јадранското Море, од словенечкото крајбрежје на север преку хрватското, до црногорското и албанското крајбрежје ќе има и врнежи со грмежи. Максималната температура ќе има претежно од 20 до 24°С. Самиот почеток на следната недела ќе донесе почести врнежи и малку посвежо време.
Во цела Грција за Велигден се очекува сончево и топло време. Небото над Грција од петок до викенд ќе биде претежно ведро, со температури на северот на Грција и поширокото подрачје на Солун во интервал од 20 до 25 степени, а во јужните до летни 27 степени.
Истанбул
Во поширокото подрачје на Истанбул ќе биде претежно суво и пријатно топло со наизменични сончеви и облачни интервали. Максималната температура ќе се движи претежно околу многу пријатни 20 степени.
Виена, Будимпешта
За празничниот викенд ќе биде топло, со променливи сончеви и облачни интервали. Максималната температура ќе биде претежно од 20 до 22. Утрото ќе биде малку посвежо, минималната температура ќе има вредност околу 7 степени. Сепак, почетокот на неделата ќе донесе облачно време со повремени врнежи од дожд, а воедно и малку пониски температури. Циклонска активност од запад ќе донесе облачност и појава на локални грмежи во понеделник, како и малку посвежо време.
Италија
Променливо облачно време, повремено со врнежи и грмежи, ќе предизвика циклонска активност за викендот и за Велигден од северот на Италија и Алпите на југ од земјата и Сицилија. Нестабилно ќе биде на поширокото подрачје на Трст и Венеција, но и со повремени сончеви периоди. Најобилни врнежи ќе има во подножјето на Алпите. Максималната температура ќе биде претежно од 16 до 20 степени долж јадранското крајбрежје, а во внатрешноста и на Сицилија од 20 до 24°С.
Шпанија
На крајбрежниот дел на источна и јужна Шпанија Велигден ќе донесе сончево и топло време, а максималната температура ќе се движи околу 20 степени, на почетокот на следната недела до 25 лето, локално до 27 степени.
Кипар
Кипар за Велигден го очекува вистинско летно време. Максималната температура во крајбрежјето ќе биде од 25 до 27 степени, а во внатрешноста на Кипар и во Никозија околу 30 степени.
Малта
Суво, но нешто попријатно време во однос на Кипар, а максималната температура ќе има вредност од 20 до 24°С.
Кога станува збор за температурата на морската површина на Средоземното Море, водите на Медитеранот се се уште студени и неповолни за капење и за престој во море, со оглед на тоа што температурите ќе се движат претежно од 15 до 18 степени.