НЕМАТЕ КВАСЕЦ ДОМА? Еве како да го направите од ЈАБОЛКА!




Ако немате квасец, постои начин сами да го направите и секогаш да го имате.




Единствениот мал проблем со домашен квасец е тоа што ќе бидат потребни неколку дена за тој да стане активен, но кога тоа ќе го стори, вие само го одржувате со брашно и вода и секогаш го имате вашиот квасец.




Измешајте половина од брашното и 350 мл вода, а потоа додајте го ренданото јаболко.




Потребно е:
* 1 јаболко
* 750 гр брашно
* 520 мл вода




Подготовка:




Измешајте половина од брашното и 350 мл вода, а потоа додајте го ренданото јаболко. Добро измешајте и ставете во поголема тегла. Осигурете се дека смесата не ја зафаќа целата тегла. Затворете и оставете три дена. Тогаш смесата треба да расте и да се појават меури.




Можете да користите половина од смесата веднаш затоа што е вишок и другата половина да ја мешате со 250гр брашно и 170 мл вода. Ставете во тегла и оставете неколку дена на собна температура додека не се појават меури, кога е подготвена повторно да се користи на ист начин.




За поголем леб ви требаат околу 250 гр квасец. Остатокот чувајте го активен со додавање брашно и вода за да биде ретко.