Не само што се прави лесно и брзо, туку и ги маѓепсува сите со својот вкус
Компоненти:

  • 2 јајца
  • 2 чаши брашно
  • чаша и пол шеќер
  • чаша масло
  • 1 ванилин шеќер
  • 3 јаболка
  • една лажичка цимет
  • лажичка сода бикарбона
  • прстофат сол

Подготовка:

Јајцата се матат со шеќерот и ванилиниот шеќер, па се додава маслото.

Додадете суви состојки: брашно, цимет, сол, сода бикарбона.

Advertisement

Се мешаат заедно, па се додаваат излупените и исечкани јаболка.

Соединете и истурете во плех обложен со хартија за печење.

Се пече околу 55 минути во загреана рерна на температура од 190 степени.

Испечениот колач посипете го со шеќер во прав и послужете го со сладолед од ванила.

Advertisement