Верувале или не, постои начин да препознаете опасна болест со едноставно движење на прстот




Верувале или не, постои начин да препознаете опасна болест со едноставно движење на прстот
Научниците од Универзитетот Јеил откриле дека со само едно движење на прстот можете да дознаете дека има аневризма во главната артерија на срцето, а оваа студија е објавена на порталот „American Journal of Cardiology“.




Еве како изгледа тестот:
Треба да ги свртите дланките нагоре и да го свртете палецот кон малиот прст. Ако прстот стигне до центарот на раката, тоа е нормално. Меѓутоа, ако го премине работ на дланката, тоа може да биде знак за аортна аневризма.




Како што објаснија научниците, мобилноста на палецот во оваа мера може да укаже на истегнување и слабеење на зглобот. А тоа е симптом на болест на сврзното ткиво на целото тело, вклучително и на аортата.
Аневризмата на аортата обично е асимптоматска, така што повеќето пациенти едноставно не се свесни за болеста. Според истражувачите, се покажало дека учесниците во експериментот со „испакнати“ прсти често ја имале оваа дијагноза.




Студијата опфатила податоци за здравствената состојба на 350 луѓе кои имале операција на срцето.
Што е аортна аневризма?




Аневризма значи состојба на проширување на крвниот сад што може да биде локализирана или дифузна. Аортата е најголемата артерија во телото која оди директно од срцето. Најчеста причина за аортна аневризма е атеросклероза, особено опаѓачкиот дел од аортата.