Има и бројни здравствени придобивки како што се зајакнување на имунитетот, нормална работа на срцето, третман на респираторни инфекции и многу други. Но, дали знаевте како правилно да го подготвите?
Имено, нутриционист по име Мумал Асиф открил генијален трик за негова подготовка. Тој рече дека само две минути пржење кромид уништува бројни здравствени придобивки.
А најголемиот виновник е токму топлината која лошо влијае на алицинот, состојката која се наоѓа во кромидот и која е најзаслужна за неговите лековити ефекти, пишува 24седам. Ве советувам да почекате 10 минути откако ќе го исецкате кромидот. За тоа време ќе се создаде максимално количество алицин кој ќе остане речиси недопрен при пржењето – објасни овој нутриционист.
Затоа, без разлика дали е бел или црн кромид, прво исечкајте го, па почекајте неколку минути да го пушти сокот и дури потоа термички обработете го.
А освен алицин, кромидот содржи и бројни витамини и минерали кои му се неопходни на организмот, како што се цинк, фосфор, магнезиум, фолна киселина, тиамин и витамини Ц и К.