На пазар во Загреб е откриен лажен мед. За да докаже дека е во право младиот човек, кој се посомневал, дал 5.000 куни од свој џеб, а со него за ТВ Дневник Нова разговарала репортерката Сања Виштица.

Се започнало од младиот Давид Пикутиќ, кој се посомневал во измама и пријавил во инспекторатот.

„Се посомневав дека во годината која е позната по замрзнување на багремот, одеднаш на парцелата се појави пчелар со багрем мед, потоа се посомневав во бојата, па купив тегла и се посомневав во вкусот“, вели Пикутиќ.

Се пријавил во инспекторатот. Заедно со пријавата, тој морал однапред да плати 5.000 куни. Имено, доколку анализата покаже дека тој што ја поднесува пријавата е во право, Државниот инспекторат ќе ги врати парите.

Advertisement

„По толку години гледање разни измами и фалсификати на мед, бев толку лут што реков – ако ги изгубам, ги губам“, рече тој.

Еден месец по пријавата стигнал резултатот од анализата, кој покажал дека медот е навистина фалсификуван, па парите ќе им бидат вратени.

“Ми беше сосема логично тоа да се направи. Еве, морам да признаам дека жената беше многу горда на тоа. Моите пријатели се исто така задоволни”, изјави Пикутиќ.

Неговата објава на Фејсбук е споделена на социјалните мрежи. Тој се надева дека ќе ги поттикне и другите да аплицираат.

Од семејна фарма чиј мед е фалсификуван, а само велат дека го повлекле од продажба тој багремов мед. Ни ги испратија резултатите од анализите од Земјоделскиот факултет кои покажуваат дека другите видови мед ги исполнуваат нивните услови. Но, тие не сакаа да даваат изјави.

Дали и кај нас има лажен мед? Пишете ни во коментр ваше искуство!

Advertisement