„Мојот живот може да се подели на периодот пред и по Касандра“




Кораима Торес е актерка која беше вистинска сензација во Србија кон крајот на 90-тите, бидејќи ги освои срцата на гледачите кога ја играше познатата Касандра во истоимената серија.




Инаку, Кораима Торес е родена на 6 јуни 1973 година во Валенсија, а кариерата ја започна во осумдесетите. Првата улога ја одигра во теленовелата „Алондра“, која кај нас се емитуваше дури по „Касандра“.




Касандра остави убедливо најголема трага. Неодамна ги изненади сите со изјавата дека сфатила дека е „професионално остварена“ дури кога дошла во Скопје и видела колку ја сакаат.




– Касандра ми го промени животот на многу начини, благодарение на неа отидов на работа во Колумбија, каде што се омажив и основав семејство. Поточно, мојот живот може да се подели на периодот пред и по Касандра – изјавила во една прилика актерката.




Популарната актерка и на 49 години сè уште паѓа во очи.




По големиот успех на телевизија, актерката се посвети на работата во театарот.
Таа и нејзиниот сопруг Николас Монтеро, со кој има син, долго време играа во претставата „Љубовни писма“.