Ѕирнете во луксузниот дом на хрватската пејачка Северина.

Опкружена со своите најблиски, Северина божиќните празници ги помина во опуштена атмосфера на нејзиниот стан во Загреб. На социјалната мрежа Инстаграм таа сподели емотивно видео од семејното дружење на кое се гледаат сите како уживаат во заедничка вечера.

Присутен бил нејзиниот син Александар, но лицето не му се гледало поради судската одлука што ја побарал нејзиниот поранешен партнер Милан Поповиќ .

„Кога ќе ги видам, тагата исчезнува, сонцето сјае, тревата мириса“, напиша Северина на својата објава на Инстаграм, откривајќи во видеото дека размениле подароци и заедно уживале во вечерата во нејзиниот простран пентхаус.

Advertisement

И овој момент од нејзиниот живот ни овозможи да ѕирнеме во нејзиното ќоше од двесте квадратни метри, пренесува порталот „Story.hr“.

Пентхаусот зрачи со софистициран и удобен амбиент. Видлива е доминацијата на белата боја, додека бројните растенија, уметнички слики и фотелји со прекрасен потемен дизајн внесуваат дополнителна софистицираност во просторот. Гипсот што се истакнува во станот ја покажува љубовта на Северина кон класиката, додека кујната, подот и мебелот додаваат шмек на модернизам.

Кујната е секако највпечатливиот дел од станот во кој Северина подготвувала храна за своите сакани гости. Овој простор природно се поврзува со трпезаријата и дневната соба, каде што има голема трпезариска маса, опкружена со столчиња со црно-бели пруги, што дополнително придонесува за елегантната атмосфера.

Advertisement