Она што требаше да биде обичен козметички третман на вештачки екстензии на трепките, за една Бразилка се претвори во вистинска хорор приказна поради која за малку ќе останеше целосно слепа
Вештачките трепки доживеаја голема експанзија во последниве години. Многу девојки веќе не можат без нив – тие се густи, големи, не бараат премногу нега и шминка и изгледаат природно. Слично на вештачките и надградени нокти. Сепак, иако дерматолозите, козметичарите и лекарите често зборуваа за штетноста на лепилата што се ставаат при нанесувањето на таканаречените „свилени“ трепки, многу девојки не слушаа, па „копјето“ пукнало кај Бразилката Деуса Канон. Кај неа козметичарката ги залепила трепките со лош материјал.
Сега на интернет кружи видео од медицински работник кој се обидува да се ослободи од лепакот бидејќи девојката не може да го отвори окото.
Лекарите морале да ѝ ги оперираат двете очи, имала изгореници од втор степен, а иако сето тоа се случило во декември минатата година, девојката дури сега решила да проговори за се‘и во видео да покаже како сето тоа изгледало.
Лекарите ѝ спомнале дека постои ризик од оштетување на рожницата, а момчето на Деус тврди дека никој од споменатиот „салон на пеколот“ не сакал да им се јави на лекарите или на неговата девојка кога дознале за овој немил настан.
„Беше нехумано, дури и не се јавија да понудат помош. Беше очајна, во болки, се чувствуваше многу лошо, носеше превез на едното око. Козметичарката рекла дека користела 3 видови на лепак, и дека така се работело по процедурата, а подоцна видела дека лепилото е измешано со силно врзивно средство“, напиша на мрежите момчето на Деус Канон.
На крајот девојката рече дека правдата ќе ја бара на суд и дека ќе ја тужи непрофесионалната козметичарка.
„Ќе објавам се‘ што се случи, сакам правда. Нема да молчам, дури и да престанете“, изјави на крајот Деуса, но се‘ уште не се знае дали таа ја поднела тужбата.