Одбројуваме до 2023 година, но астрологијата сè уште не е завршена кога се во прашање настаните. Во петок, на 23 декември, не очекува последната млада месечина за оваа година. Означува нов почеток, а бидејќи е во Јарец, од нас ќе бара добра организација, одговорност и зрелост, пишува Mondo.rs.

Амбициите доаѓаат до израз, а оваа Месечина може да ни помогне да го најдеме патот до нашата цел. Одлуките што ќе ги донесеме тогаш ќе ја одбележат и следната година, па дали сте подготвени да свртите нов лист во вашиот живот? Иако тоа ќе ги погоди сите, три хороскопски знаци ќе ги почувствуваат најголемите промени.

ОВЕН

Родените во знакот Овен ќе се фокусираат на работата и желбата за напредување. Сите оние кои не се задоволни од насоката во која оди нивната кариера, ќе почнат да размислуваат за други опции. Затоа, младата месечина во Јарец вели дека ќе донесете важни одлуки кои значително ќе ја подобрат вашата финансиска состојба.

Advertisement

РАК

Во петок фокусот е на односите со околината. Слободни Ракови, заборавете на соло статус, нова љубов тропа на вашата врата! Оние кои се зафатени ќе сакаат да ја подигнат врската со партнерот на повисоко ниво и тоа значи само едно – ќе има предлози и започнување заеднички живот. Кога станува збор за работата, последната млада месечина на Ракот во 2022 година носи нови соработки.

ЈАРЕЦ

Младата месечина е во знакот на Јарец и ќе ве направи похрабри. Ова ќе биде моментот кога ќе сфатите дека треба да се борите за вашите желби и цели, а вашата самодоверба ќе ви помогне да ги исполните. Одлуките што ќе ги донесете сега ќе се покажат како корисни на долг рок. Подгответе се за нов почеток во љубовта!

Advertisement