Ова супер здраво растение е алое вера! Алое вера или растението на бесмртноста. Експертите тврдат дека ова растение може да се користи во лекување на разни кожни проблеми како што се псоријаза, егзема, дерматитис и други кожни алергии.

Како функционира ова? Алое вера содржи кристален гел кој се користи во лекување на кожни проблеми бидејќи брзо ја подобрува состојбата на кожата. Денес ќе ви покажеме како можете да ја користите алое вера во лекувањето на проблемите со кожата.

Како да се извлече гел од алое вера?

Едноставно – прво извадете го надворешниот зелен дел со остар нож. Мора да го направите ова внимателно за да не го оштетите гелот одоздола.

Advertisement

Потоа гелот ставете го во пластична кутија за да не ги изгуби својствата, а доколку не го искористите целиот гел, остатокот можете да го чувате во фрижидер до два дена. По два дена гелот ги губи лековитите својства.

Како да се користи:

Многу е едноставно – само нанесете мала количина гел од алое вера на проблематичната област. Нанесете го гелот со лесни кружни движења за кожата целосно да го апсорбира.

Потоа оставете го гелот да делува 15 минути и потоа исплакнете го со млака вода. Кога гелот од алое вера се нанесува директно на кожата, тој продира дури и во неколку слоеви во вашата кожа и веднаш дава олеснување на таа област.

Погрижете се секогаш да користите 100% природни производи бидејќи тие се најдоброто решение за вашата кожа. Исто така запомнете дека ако вашиот гел е замрзнат, стопете го на собна температура бидејќи замрзнатиот гел од алое вера може да ја оштети вашата кожа!

Advertisement