Смоквата е овошје чиј плод е исто така многу здрав, но не треба да го игнорираме и листот од ова овошје,од кој има и многу здравствени придобивки.
Чај може да се направи од листовите од смоква, кои многумина го нарекуваат еликсир на животот бидејќи е богат со антиоксиданси и растителни влакна, содржи витамини А, Б1 и Б2, како и минерали калциум, железо, манган, фосфор, калиум и натриум.
Покрај тоа што можете да направите чај од листови смокви, се препорачува и џвакање, особено ако имате проблеми со чир на желудникот.
Особено ако имате проблеми со бронхитис, дијабетес, висок крвен притисок или чир на желудникот, направете го овој едноставен и моќен напиток. Чајот од лист од смоква помага во намалување на високиот крвен притисок и нивото на триглицериди во крвта, а со тоа обезбедува дополнителна заштита на срцето и крвните садови.
Иако овошјето од смоква не се препорачува за дијабетичари поради високото ниво на шеќер, листовите од смокви се здрави и корисни за оваа група на луѓе бидејќи помагаат во регулирање на нивото на шеќер во крвта, а со пиење чај од лист од смоква можете дури и да спречите дијабетес, бидејќи ќе ја зголемите чувствителноста на инсулин. Десет причини зошто треба да пиете чај од смоква лист:
– го регулира нивото на шеќер во крвта
– го стабилизира крвниот притисок
– ги намалува триглицеридите
– ги зајакнува коските
– помага при кожни болести
– помага при анемија
– ублажува чир на желудникот
– спречува запек
– го зајакнува здравјето на срцето и крвните садови
– помага при рани од рак
Листовите од смокви можете сами да ги исушите на едноставен начин – измијте ги и исцедете ги на чиста кујнска крпа, а потоа ставете ги на повеќеслојна крпа и повремено превртувајте ги на провев , но не на сонце.
Ќе препознаете дека листовите се суви по тоа што се збрчкале и ќе се ронат под вашите прсти кога ќе ги стискате. За да се исушат побрзо, можете малку да ги искинете пред да се исушат.
Кога добро ќе се исушат, издробете ги и оставете ги во стаклена тегла со капак, а чајот подгответе го на вообичаен начин – на 200 мл зовриена вода ставете 1-2 лажички суви листови смоква, поклопете и оставете да отстои околу десет минути, а потоа процедете.