Турската кујна отсекогаш била омилена на нашите простори, а ние ви пренесуваме оригинален рецепт за менмени

Неопходно е:

3 супени лажици путер
јајца
2-3 лажици маслиново масло
2-3 средни домати
3-4 зелени пиперки
3-4 лажици ситно сирење (можеби урда или моцарела)
сол, бибер, чили по желба

Подготовка: Исечкајте ја и пропржете ја пиперката, посолете и побиберете, чили по желба и уште малку пропржете. Додадете ги доматите и кога се ќе се соедини додадете ги јајцата и измешајте. Кон крајот додадете рендано сирење или кашкавал или моцарела и послужете се. Овој појадок најдобро е да се јаде само со пунџа и прсти.

Advertisement

Advertisement