Сега вие мене кажете ми, кој е лошиот во оваа ситуација? – вели оваа мајка.
Кога го чекале своето прво дете, размислувале за имиња. Мајката на нејзиниот сопруг починала неколку години претходно, па кога откриле дека чекаат девојче, нејзиниот сопруг имал една желба. Иако таа многу ја сакала свекрвата, нејзиното име ѝ звучело како за „баби“ – се пожали мајката на Редит, за ситуацијата.
Иако треба да биде најубавата работа на светот, за многу родители изборот на име за своето дете станува вистинска болка, особено ако им е тешко да направат компромиси и се подложни на надворешни влијанија. Токму ова е приказната за една анонимна мајка која на форумот Редит се пожали дека нејзиниот сопруг се жали и лути затоа што на детето не му го дала името што тој го сакал.
И додека повеќето парови во еден момент секако ќе се согласат за името, во нивниот случај тоа не се случило, туку мајката сама одредила и заверила. Сега нејзиниот сопруг е лут што го донела пред готов чин, тврдејќи дека тоа што го направила е „чист булинг“.
Во својата објава таа објасни како тој сакал детето да го носи името на неговата покојна мајка, но таа го одбила со образложение дека името е старомодно. Таа му рекла дека може да го додадат тоа име како средно име на девојчето.
Во текот на целата бременост се расправале на таа тема, а дискусијата никогаш не ја завршиле.
– Кога го чекавме првото дете, размислувавме за имиња. Свекрвата почина неколку години претходно. Дознавме дека очекуваме мало девојче, и иако многу ја сакав неговата мајка, тоа име ми звучеше исто како за „баба“. Му реков дека ја разбирам сентименталната вредност на тоа име, но дека не ми се допаѓа како име за нашата ќерка. Го предложив како средно име за да направам компромис, но тој се налути и не се согласи. Кое име и да му го предложував, од класично до модерно, па дури и прекарот на мајка му, тој одбиваше – не беше тоа што сакаше.
Кога се породив, секако бевме воодушевени. Повторно го спомна името на мајка му, но јас само молчев. Подоцна, кога ме прашаа како ќе се вика девојчето, реков Лили (така не се вика мајка му) името кое тој го сакаше за средно име на нашата ќерка. Бидејќи подоцна и тој требаше да се потпише, го видов како врие од бес. Му реков дека му дадов доволно време да се одлучи и дека има опција да избере нешто друго.
Поминаа шест месеци од тоа и ја вика Лили, но постојано ме обвинува и тоа им го кажува на луѓето. Како никогаш да не ми прости. Го прашав како е ова различно од она што се обидуваше тој да ми го направи, низ сите хормонски бури во бременоста и по породувањето. Сега кажите ми вие мие, кој е лошиот во оваа ситуација? – напиша мајката на детето и им постави прашање на сите кои ја читаат нејзината исповед.
Објавата ја искоментираа повеќе од илјада луѓе, а повеќето застанаа на нејзината страна.
– Ако некој од родителите стави вето на некое име, тогаш тоа веќе не е опција и барате друго за кое ќе се договорите. Без разлика на семејните традиции, името на детето треба да биде нешто за што и двајцата се согласувате – напиша некој во коментар.
Друг рече: „Ако името е навистина старомодно, откажи се, замислете цел живот да треба да го нарекувате детето со име што не ви се допаѓа.“
Што мислите вие?