Граѓаните, па дури и некои медиуми, веруваа дека крокодилот е вистински и жив и ни за момент не се посомневаа дека се работи за робот кој е донесен за снимање на ТВ серија.




Жителите на Манила на Филипините се загрижиле кога виделе џиновски крокодил долг речиси седум метри.
Крокодилот бил „спакуван“ на приколка на камион кој на 25 јуни кружел по улиците на градот.




Граѓаните, па дури и некои медиуми веруваа дека крокодилот е вистински и жив, а ни за момент не се посомневаа дека се работи за робот кој е донесен за снимање ТВ серија.
Медиумите кои ја објавија веста за живиот џиновски крокодил кој кружи низ градот набрзо ја повлекоа веста и упатија извинување до читателите.




Излегува дека крокодилот е всушност еден вид робот, кој прави реални движења.
Овој реквизит е долг 6,7 метри, изработен од фиберглас и кожа од силикон.




Тој ќе го користи лажниот крокодил за време на снимањето на серијата за познатиот крокодил Лолонг, најголемиот крокодил на светот кој живеел во заробеништво. Лолонг бил долг 6,2 метри и починал во 2013 година.











