Жените во 30-тите, 40-тите и 50-тите години не ги сакаат истите нијанси на кармин , а една нијанса ја враќа виталноста, ја брише возраста и дава свежина.
Малку се жени кои не носат кармин секој ден и го немаат секогаш во својата чанта, а дури има и такви на кои овој козметички производ им е единствената шминка што ја користат.
За многу дами тоа им ја зголемува самодовербата и ги прави да се чувствуваат попривлечно и поубаво, па како да ја изберете вашата совршена нијанса?
Многу фактори влијаат која нијанса совршено ќе ви одговара, а доколку сакате нијансата на карминот да ја усогласите со вашата возраст, треба да знаете која е совршената боја и нијанса за која возраст.
Што да избегнувате кога ќе наполните 30 години
Како што влегувате во четвртата деценија, експертите велат дека веќе не е време за експериментирање – а виолетовите усни можат да додадат години на вашиот живот. Затоа најдобро е да изберете класични нијанси како црвена и бордо, а голите тонови исто така го освежуваат и подмладуваат лицето, особено ако ги шминкате очите со посветли нијанси.
Кога станува збор за текстурата, хидратантните и полуматните кармини се добри по 30-тата година од животот, проѕирниот сјај одлично го нагласува волуменот на усните. Во исто време, на лицето треба да ставите повеќе розов, а не портокалов или беж пигмент.
Што да избегнувате после 40
Со текот на времето, усните можат да станат побледи и да ја променат формата, па шминкерите препорачуваат жените после 40-тата година да имаат секогаш кармин од црвената палета – од портокалова и розова до бургундска и црвена боја. Светло црвен кармин ги истакнува усните, го освежува лицето и ги брише годините.
Кога станува збор за разголените нијанси на кармин, треба да бидете особено внимателни, бидејќи ако не ги усогласите добро, вашето лице може да изгледа уморно. Сјајот за усни нема многу да одговара на жените над 40 години.
Што да избегнувате после 50
За жените над 50 години, посветлите нијанси можат да ги нагласат апсолутно сите брчки на лицето – и да направат нејзиното лице да изгледа побледо.
Исто така, подобро е да ги избегнувате нијансите кои се премногу темни, бидејќи тие го крадат природниот волумен на усните, кој веќе донекаде исчезнал.