Овој сок е добар и против ревматизам и артритис, а бидејќи копривите имаат многу железо, го користат и за борба против анемија. Го пијат дури и оние кои имаат астма и проблеми со кожата.
Се верува дека спречува и респираторни и уринарни проблеми, но и опаѓање на косата. Не мора секогаш да го разредувате со вода, можете само да го посипете преку американските палачинки.
Ви пренесуваме два рецепта – едниот прилично едноставен, а другиот во комбинација со лимон и мед.
Наједноставниот сируп од коприва
Ти треба:
– 1 кг млада коприва
– 2,5 литри вода и шеќер (500 g на секои 500 ml течност)
Листовите од коприва измијте ги и исцедете ги, па потопете ги во вода и динстајте ги на средна температура околу еден час, додавајќи зовриена вода. Се процедува, па се додава шеќерот и се меша додека не се растопи целосно.
Добиениот сируп сипете го во стаклени шишиња и добро затворете. (Можете да додадете и листови рибизла на листовите од коприва во сооднос 1: 1).
Коприви, мед и лимон
Подгответе:
Околу 400 гр свежи листови од млада коприва, сок од 6 големи лимони, 800 гр шеќер, 5 полни лажици ливадски мед и 1 литар филтрирана вода.
Има еден трик, ако не ви се допаѓа идејата со толку шеќер.
Можете да го замените со мед, но само дел, да речеме 300 гр – заменете го со 1 кг мед, но не варете го и додадете го во изладениот сируп. Вака добиениот сок има пократок рок на траење.
Измијте ги и исечкајте ги копривите. Истурете ја водата во шерпата и додадете го шеќерот (да речеме половина кафеав, половина бел). Се става на шпорет да се зготви со повремено мешање (кога ќе зоврие оставете да се крчка 5 минути). Ако на површината се појави пена, отстранете ја со лажица.
Во керамички сад ставете ги копривите и прелијте ги со шеќерниот сируп. Покријте со чинија и притиснете со тешка чаша или тегла. Оставете 10 минути. Сега додадете сок од лимон и мед. Со раце исцедете го сокот и одвојте ги копривите.
Кога ќе го добиете сирупот, по потреба процедете го во цедалка и работата е готова. Сирупот сипете го во стерилизирани шишиња, затворете го и оставете го на ладно и темно место.
Направете го сокот мешајќи 1/4 чаша сируп со 3/4 вода. Сирупот може да трае 6 месеци.